| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: За набавка на нивната влада, ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува опозицијата

sdsm

ВМРО-ДПМНЕ џабе се труди да го покрие својот срам со одлеаните 3.5 милиони евра кеш и да избега од овој мега скандал со лаги, манипулации и бајати прес-конференции, реагираат од СДСМ.

– Ова се фактите: личноста која ја споменуваат на денешната прес-конференција е вработена во  Секторот за европски интеграции во време на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, кога Никола  Груевски беше министер, а не во време на Владата на СДСМ. Набавката која пет дена ја влечат низ медиумите ниту ја извршила заменик претседателката  Шекеринска, ниту е направена до 2006 година. Замислете: за набавка на нивната влада, ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува опозицијата – велат од опозициската партија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top