| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски телеком покрива над 100 илјади домови

telekom_1

Македонски телеком достигнува покриеност од над 100 илјади домови со оптичка мрежа на крајот на 2013 година, што е раст од 40 отсто за 15 месеци.

Како што соопшти компанијата, зголемената покриеност е резултат на инвестициите во оваа водечка технологија, со која корисниците можат да добијат нови услуги и интернет со брзина до 1 гигабит во секунда, што е до сто пати побрзо од типичен приклучок. Наместо за дваесет минути, како досега, корисниците сега можат да преземат видеосодржина за помалку од една минута.

Во овој период, бројот на корисници на Оптик пакетите кои вклучуваат интернет со брзина до 1 гигабит во секунда, се зголеми за 98 проценти и достигна 12 илјади на крајот на 2013 година, наведуваат од компанијата.

Поради големиот интерес на корисниците, Македонски телеком ја продолжи понудата за Оптик пакетите до 31 март 2014.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top