Андреас Маиерхофер, Главниот извршен директор на Македонски телеком, заминува од компанијата и е назначен за Главен извршен директор на Т-Мобиле Полска, од 1 април, 2017 година.
Маиерхофер дојде на позицијата Главен извршен директор на Македонски телеком и Претседател на Одборот на директори на Т-Мобиле Македонија во 2014 година. Во неговата долга кариера во телекомуникацискиот сектор, ова беше негово прво искуство во Дојче Телеком групацијата, каде и ќе продолжи со своите професионални предизвици.
Под негово водство Т-Мобиле и Македонски телеком станаа една компанија, што придонесе за уште подобро позиционирање на пазарот, се стабилизираше трендот на опаѓање на приходите, продолжија инвестициите во 4G мрежата и напредните технологии што овозможува на корисниците да им се понудат модерни, конвергирани и „смарт“ решенија и услуги.
Маиерхофер почна да работи во 1987 година во Групацијата Телеком Австрија и од тогаш бил носител на повеќе менаџерски позиции. Во 1996 година станал Раководител на Секторот за фактурирање и наплата, а во 1999 година ја презел позицијата Директор на Кориснички услуги во Мобилком Австрија. Како Главен оперативен директор во Си.мобил Словенија, Андреас бил одговорен за маркетинг, продажба, кориснички услуги и човечки ресурси од 2004 година, а во 2006 година станал нејзин Главен извршен директор. Својата меѓународна кариера ја продолжил во Бугарија каде што ја презел функцијата Главен комерцијален директор, а во 2009 година станал и Главен извршен директор на Мобител ЕАД, позиција на која бил до 2014 година.
Постапката за избор и назначување на нов Главен извршен директор на Македонски телеком е во тек. Маиерхофер ќе ја води компанијата до 1 мај, 2017 година, кога треба да се избере негов заменик.
Андреас Маиерхофер ќе остане неизвршен член на Одборот на директори на Македонски телеком.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Три позитивни промени што ќе ги почувствувате кога ќе престанете да јадете бел леб барем еден месец
-
Климата на Земјата би можела да излезе од контрола
-
Дали „Дојче Телеком“ под притисок си заминува од Македонија – го продава својот удел во Македонски Телеком?
-
САД ќе продолжат да учествуваат во меѓународните преговори за климата