Андреас Елснер стапува на позицијата главен извршен директор на Македонски телеком од 1 мај 2017 година.
Г. Елснер доаѓа во Македонски телеком во 2014 година, на чело на секторот за управување со односи со корисници и корисничко искуство, а од 2015 година е главен оперативен директор за приватни корисници, каде што имаше клучна улога во развојот и реализацијата на стратегијата за конвергирани решенија и услуги.
Во неговата шестнаесетгодишна кариера работел на раководни позиции во телекомуникацискиот бизнис во Австрија, Србија, Бугарија и Македонија. Неговото портфолио вклучува национален и интернационален маркетинг менаџмент, бренд менаџмент, маркетинг комуникации, формирање на цени и развој на производи, позиционирање на производи и брендови, односи со јавноста, деловен развој и позиционирање на пазарот.
Роден e во Виена, Австрија, каде и се школувал. Дипломирал маркетинг, рекламирање и продажба на Универзитетот за економија и деловна администрација.
Андреас Елснер го замени Андреас Маиерхофер, кој беше назначен за главен извршен директор на Т-мобиле Полска на 1 април, 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дали „Дојче Телеком“ под притисок си заминува од Македонија – го продава својот удел во Македонски Телеком?
-
Извршниот директор на Борусија: Вечерва да покажеме дека нема да му се предадеме на теророт
-
Промени во раководството на Македонски телеком
-
ХД стриминг во живо на концертот на „Депеш мод“ во Берлин