| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Золвата на Шекеринска управувала со финансиите во СЕП

vmro-dpmne1_1

За жал, дрскоста и ароганцијата на раководството на СДСМ нема крај. Правејќи се наивна Радмила Шекеринска вчера се обиде да ја отргне целата одговорност од себе за скандалот со доделување на средства од меѓународна помош за Македонија на фирмата на своите братучеди, изјави на прес-конференција Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Но наивноста на Шеќеринска е само маска. Радмила Шеќеринска, како Заменник Претседател на Владата на Република Македонија, лично, со свој потпис, од ден 01.12.2005 година, во Секретаријатот ја вработува сестрата на својот сопруг, госпоѓата Лира Секуловска и од истиот ден ја назначува за Раководител на Сектор за општи работи и буџет. Не ја вработува и ангажира на друго, нормално место во администрацијата на Секретаријатот, туку директно ја назначува за Раководител на секторот кој е надлежен за финанското работење на секретаријатот – истакна Ѓорчев.

Сестрата на сопругот на Шеќеринска добила задача да се грижи за финансиите во институција раководена од Шеќеринска. Поголема дрскост од ова во Македонија се нема случено.

Дополнително, но и уште пофрапантно, само два месеци подоцна, сестрата на сопругот на Шеќеринска, Лира Секуловска, од страна на Секретаријатот добива целосно овластување  за реализација на средствата за дури четири жиро сметки за донации во Секретаријатот за европски прашања.

vlatko

– Шеќеринскa, покрај братучеди имала и золва која требало да ја згрижи! Ова значи дека донациите и меѓународната помош, додека Шеќеринска била заменик претседател на Влада одговорна за Секретаријатот за европски прашања, ги управувала и за нив одлучувала нејзината золва Лира Секулвоска. Шеќеринска е задолжена за Секретаријатот, а за парите на секретаријатот од буџетот и од странски донации е задолжена и одговорна нејзината блиска роднина, Лира Секуловска – рече Ѓорчев.

Ова е класичен пример на непотизам и тоа поврзан со раководење со пари на Секретаријатот и пари од странска помош за Македонија.

Од ВМРО-ДПМНЕ ја прашуваат г-ѓата Шекеринска колку средства од 4-те жиро сметки за донации со кои што управувала сестрата на нејзиниот сопруг завршиле на сметките на фирмите на роднините на вашето семејството или на сметки на фирми на роднини на раководството на СДСМ? Јавноста знае дека најмалку 800.000 денари од странска донација завршиле во џебот на фирмата на братучедите на Шекеринска. Уште колку пари се исплатени во време кога Радмила Шекеринска била вицепремиер, а сестрата на нејзиниот сопруг била раководител на Секторот за општи правни работи и Буџет?

vlatko1

– Очигледно е дека Радмила Шекеринска и функционерите од највиското раководство на СДСМ, своите позиции на државни функции во минатото ги користеле исклучиво само за лично и семејно богатење преку воспоставување на мрежа од најблиски роднини на најодговорни позиции со цел полесно да можат да ги испумпуваат парите од странските донации – изјави Ѓорчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top