| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ купил нови автомобили за партиските шефови

Zaev_Sekerinskaj
СДСМ со последните пари од кредитот од Комерцијална банка купил нови возила во кои ќе се возат партиските челници, објавува порталот „Лидер“.
Шеќеринска и Заев се подновиле со лукзузни автомобили. Во партијата потврдуваат дека купиле нови автомобили, но одбиваат да кажат детали за потрошената сума, за марката на возилата и за проценката зошто кога партијата е во финансиска криза се трошат пари од кредит за нови возила наместо да се искористат во изборната битка.- СДСМ направи освежување на возниот парк. Постоечките стари возила беа заменети за нови, за потребите на партијата –  се вели во одговорот од СДСМ на писменото прашање на „Лидер“.

Неофицијално, раководството на некогашна „Бихаќка“ не сака да зборува за ова, бидејќи во партијата постоело силно незадоволство како се трошат парите од партиската каса во време кога партијата е речиси шворц. Голем број активисти и членови работат волонтерски, бројни се оние кои трошат сопствени приходи, а раководството се луксузира и тоа на кредит.

Набавката на новите автомобили е последна во низата афери поврзани со името на Радмила Шеќеринска што беа објавувани деновиве.

За луксузирањето и сумите што се вртат околу нејзиниот партиски шеф, Заев е на долго и нашироко пишувано и објавувано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top