Сите правни лица од Охрид кои имаат намера во иднина да поставуваат урбана опрема пред своите локали и објекти, надоместоците и обврските за закуп и комунална такса ќе ги плаќаат по пониски цени, утврдени со новата Програма за поставување на урбана опрема.
Согласно измените во одредбите со кои се утврдуваат надоместоците за поставување урбана опрема усвоени на последната седница на Советот на општина Охрид, цената на закуп на метар квадратен ќе чини од 250 денари во првата, 150 денари во втората до 100 денари во третата градска зона. Истовремено се намалуваа и цената на комуналната такса од десет на 7,5 денари.
Општинските власти нагласуваат дека во програмата прецизно се утврдени локациите каде е дозволено поставување урбана опрема, а сите измени и одлуки се донесени после остварени комуникации си угостителскиот еснаф од градот.
Неодамна локалната самоуправа побара од сите корисници на јавен простор односно закупци да си ги подмират обврските за минатата 2013 година, притоа нагласувајќи дека против оние што нема да го измират долгот кон општината ќе бидат активирани веќе издадените прекршочни пријави, а односните локации нема да бидат внесени во Програмата за поставување на урбана опрема за 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.