| четврток, 6 декември 2018 |

Американец невин минал 31 година во затвор

death-row-thirty-years

Откако минал 31 година во затвор, Амекринанецот Глен Форд (64) е пуштен на слобода, откако судот во Шреверпорт во сојузната држава Луизијана прифатил нови докази.

Форд во 1983 година е осуден за убиство на 56-годишниот часовничар за кое цело време тврдел дека е невин. Сепка, поротата го осуди на смртна казна. Во годините кои следеле, тој поднел жалби и по 31 година успеал да докаже дека е невин. Обвинителството на крај открило дека несреќниот часовничар го убиле браќата Џејк и Хенри Робинсон.

– Среќни сме што правдата конечно победи. На Форд животот му е уништен, но успеа да докаже дека е невин – изјави адвокатот Гери Клементс.

Форд сега ќе бара отштета од државата за секоја година мината во затвор. Во САД имаше сличен случај оваа година кога еден Американец минал 23 години невин во затвор и добил седум милиони долари отштета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top