Фудбалерите на Баерн Минхен и Атлетико Мадрид се првите четвртфиналисти во Лигата на шампиони откако ги елеминираа екипите на Арсенал и Милан.
Актуелниот европски шампион Баерн одигра нерешено со Арсенал, домаќините поведоа со голот на Швајнштајгер во 55. минута, а конечните 1-1 ги постави Подолски по само две минути.
)
)
Атлетико, во реваншот, го декласира Милан со 4:1. Диего Коста го постигна првиот гол на мечот, потоа Кака успеа да израмни, а до крајот на првото полувреме Арда Туран со помош на Рами му ја врати предноста на домашниот тим.
Во вториот дел Раул Гарсија и Диего Коста со својот втор гол ја запечатија судбината на Милан.
)
)
)
Во Лигата на шампиони, во среда, ќе се одиграат реванш дуелите помеѓу Барселона и Манчестер Сити, односно Пари Сен Жермен и Баер Леверкузен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.