| четврток, 6 декември 2018 |

Руската Дума ќе го разгледа нацрт-законот за присоединување нови територии

Руските пратеници на 21 март ќе разгледаат нацрт-закон со кој и се дозволува на Руската федерација да вклучи странски субјект кој има таква намера, како Крим, во случај на неуспех со матичната држава.

Текстот е вклучен во дневниот ред на руската Дума за 21 март, пет дена по референдумот на Крим.

Во моментот со руски закони се дозволува вклучување на странска територија во Руската федерација само ако биде потпишан договор меѓу Москва и странска држава. Тоа може да биде самата територија ако е независна, или државата кој и е матична.

Тоа исклучува присоединување на Крим кон Русија бидејќи новите власти во Киев ја имаат власта над таа трериторија.

Предлогот внесен во Думата дозволува да не се склучува таков договор „при недостиг на суверена и ефикасна власт да ги заштитува и почитува правата и слободите на граѓаните“ во странската држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top