| четврток, 6 декември 2018 |

Судиите се заштитени како мечки, во право се и кога грешат (видео)

Судиите се во право и кога грешат, и тоа очигледно, каков што беше случајот на тенискиот дуел меѓу Рајан Херисон и Фабио Фоњини на Индијан Велс.

Фоњини во моменти кога се „кршеше“ мечот, при негатива од 0-1 во сетови и 1-0 за него во гејмови, ја погоди линијата, судијата Ел Џенати досуди аут, а потоа одби да си ја признае грешката иако беше јасно дека не е во право. Фоњини побара „челенџ“, односно помош од системот за реприза на спорните моменти, а „окото соколово“ потврди дека ја погодил линијата.

Неговиот противник Херисон не го скроти прецизниот удар на италијанскиот тенисер, што автоматски требаше да значи предност за Фоњини од 15-40 и шанса за две брејк-топки.

Но, наместо да му го додели поенот на Италијанецот, главниот судија одлучи да се преигра, што предизвика нервозна реакција кај Фоњини. Тој збесна, па не можеше да го смири ниту супервизорот Граф. По долга расправија, мечот продолжи и заврши со пресврт и победа на Фоњини од 2-1 во сетови.

Погледнете ја целата ситуација и бесната реакција на Фоњини.

)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top