| четврток, 6 декември 2018 |

Ламбе: Чекав песна по мој вкус (ВИДЕО)

)
Третата песна од најавениот нов албум на Ламбе Алабакоски е „Кога те имам“, дело на Лазар и Магдалена Цветковски. Деновиве покрај промоцијата на новата песна, Ламбе го снима видеоспотот за победничката песна од „Скопски фестивал“ – „Ќе те чекам јас“, а веќе од следната недела ќе почне со подготовки за видеоспотот и за новата песна.
lambe
– Презадоволен сум од „Кога те имам“. По победата на „Скопскиот фестивал“ се појавив како специјален гостин на значајни концертни спектакли во државата и сам на себе си дадов одмор, а и сакав да почекам за да излезе уште една соодветна песна за мене и мојот вкус. Со мојата продукција веќе на големо работиме на подготовка на албумот – вели Ламбе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top