| четврток, 6 декември 2018 |

Пеколна ноќ за фаворитите на Индијан Велс, испаднаа Надал, Шарапова и Монфис, едвај куртулија Федерер и Мареј

Пеколна тениска ноќ на бранителите на двете титули на Индијан Велс им приредија Олександр Долгополов и Камила Џорџи, а предвреме од турнирот испаднаа Рафаел Надал и Марија Шарапова. Со нив во аут на таканаречениот петти гранслем во калифорниската пустина е и Гаел Монфис, кој загуби од Фабио Фоњини.

Сите три дуели се играа во три сета, а настрадаа фаворитите. Долгополов го победи Надал со 6-3, 3-6, 7-6 (5), Џорџи ја елиминира Шарапова со победа од 6-3, 4-6, 7-5, а Фоњини беше подобар од Монфис и славеше со 6-2, 3-6, 7-5.

Сензационалната ноќ со многу неочекувани резултати можеше да стане и чудесна, ако Федерер и Мареј не ја задржаа ладнокрвноста во пресудните моменти против Турсунов и Весели.

Швајцарецот со многу мака најде чаре против Туруснов и во два тај-брејка го победи рускиот тенисер со 7-6(7), 7-6(2). Многу блиску до подвиг беше Чехот Весели против Енди Мареј, водеше со 3-1 во гејмови во третиот сет, но немаше сили за конечна победа. Мареј до крајот направи 5-1 и мина понатаму со победа од 6-7(2), 6-4, 6-4.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top