
Во Македонската опера и балет (МОБ) вечерва ќе биде изведена операта „Лучија од Ламермур“, а насловната улога ја има Ана Дурловски. Диригент е Норман Виџаја од Индонезија.
Во „Лучија од Ламермур“ ќе настапат и Борис Трајанов, Ѓорѓи Цуцковски, Владимир Саздовски, Дејан Стоев, Марика Поповиќ, како и Зоран Даскаловски.
Ана Дурловски, добитничка на европски „Оскар“ од германското јазично подрачје за врвна оперска интерпретација за 2012 година, во октомври годинава ќе настапи на една од престижните оперски сцени во светот, познатата „Метрополитен опера“ во Њујорк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


