| четврток, 6 декември 2018 |

Психолози: Зад тие што користат навреди и говор на омраза се кријат луѓе со нестабилен психолошки профил

dunja

„Новинарката на „Дневник“ е мочла, Им го учукавме пред Музејот на ВМРО. На нивниот глупав празник, Mакедонија е тоа говно кое гледа да не случајно од некаде се појави некој европски или друг чадор што би го спасил лајното од страшната дематеријализација под поројните дождови на современата историја, Ој Дуњо, Дуњо, како ни го начука бре жено, очите ни испаднаа, од уши ни излезе пендрекот, мори Дуњо, која глупа кокошка испадна пиче ли ти мамино проклето, све ти јебем гуско една шугава“, ова не е кафански муабет меѓу поднапиени пријатели, туку е речникот, вокабуларот и нивото на култура на многумина новинари при пишување на нивните статии, коментари или статуси на „Фејсбук“. Тоа е речникот што го користат кога ѝ се обраќаат на јавноста.

Курир на оваа тема консултирал психолози, кои посочиле дека зад таквото однесување се кријат обично личности со нестабилен психолошки профил, кои влегуваат во улога на вербални џелати, а зад кои најчесто се крие некоја фрустрација или личен интерес.

Психологот Стојан Тренчевски изјавил дека ниското ниво на политичка култура негативно влијае во креирањето на општествениот дискурс во јавноста бидејќи експертите или новинарите се луѓе кои имаат општествена свест и мора да бидат свесни дека тие се примерот и огледалото на општествениот разум кој треба да бидат примерот кој останатите го следат.

Тренчевски додава дека состојбата на умот кој си дозволува да ги поминува црвените линии во реториката има извесни дисбаланси кои доведуваат до неетички и неразумни политички настапи. Замената на фактите со навреди е момент кога фактите не постојат, изјавува Тренчевски.

Уште еден експерт кој го контактираше „Курир“ изјави дека таквите испади најчесто се случуваат на интернет, кој важи за нерегулирана сфера, но и дека, сепак, навредата упатена до кого било подлежи на правна санкција и можност за покренување тужба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top