| четврток, 6 декември 2018 |

Украинскиот Парламент го суспендира референдумот на Крим

ukrain parl

Украинскиот Парламент денеска изгласа суспендирање на референдумот за иднината на Крим, кој кримскиот Врховен совет го закажа за недела.

Парламентот во Киев го повика Врховниот совет на автономната република Крим до утре уште еднаш да ја разгледа својата одлука за одржување референдум и да ја „усогласи“ со украинскиот и кримскиот Устав.

Во случај кримскиот Парламент да не постапи по ова барање, украинската Врховна рада во својата резолуција се закани дека ќе покрене постапка за предвремено одземање на неговите овластувања.

Во меѓувреме, парламентарците на Крим денеска усвоија декларација за независност на полуостровот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top