Поранешниот руски амбасадор во Србија, Александар Конузин, најави дека руската влада ќе основа центар за економска соработка и инвестиции за балканските земји во Европа, јавуваат српските медиуми.
Конузин нагласил дека основната цел на таквиот непрофитабилен центар е политичка и економска соработка меѓу Русија и сите земји од регионот, како и во науката и образованието.
– Значењето на овој центар ќе се види во тоа колкав ќе биде неговиот придонес во проширувањето на соработката меѓу Балканот и Русија, а, од друга страна, во поврзувањето на земјите од регионот бидејќи сакаме да инвестираме во такви проекти кои ќе опфатат максимален број држави во овој регион, со што ќе се влијае и врз економската ситуација – вели Конузин.
Тој нагласи дека постои добра соработка меѓу Русија и Србија, пред сè политичка.
– Постои добра правна основа за билатерална соработка, имаме и значајни политички договори и многу важни економски односи – вели Конузин, одговарајќи на прашање како би можела да се одрази ситуацијата во Украина врз економските односи меѓу Србија и Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот