| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкулоска: Кандидатите за пилоти покажаа квалитетна конкуренција

policijapiloti

Кандидатите пријавени на конкурсот за пилоти, кој го распиша МВР, покажаа добра физичка подготвеност.

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денес ги посети кандидатите што почнаа со проверките на физичката подготвеност, која е прва елиминаторна фаза.

– Кандидатите покажаа добра физичка подготвеност, но потребно е да се исполнат и другите критериуми, така што сè уште е рано да се зборува поконкретно. Од тоа што имав можност да го видам, постои квалитетна конкуренција и ќе имаме квалитетен избор – нагласи Јанкулоска.

Од вкупно пријавените 466 кандидати, четворица биле елиминирани по административната проверка. Најголемиот дел од кандидатите на конкурсот се пријавиле по електронски пат.

По физичките проверки, следуваат тестирањата од другите фази, а министерката очекува кандидатите да ги исполнат високопоставените критериуми, со што ќе бидат одбрани најдобрите 12, кои ќе продолжат со 19-месечната обука.

Од вкупниот број пријавени, 59 се жени, кои веруваат дека небото не познава граници и се пријавени на конкурсот за пилоти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top