| четврток, 6 декември 2018 |

Штајнмаер: Безбедноста на балтичките држави ја гарантираат НАТО и ЕУ

stajnmaer

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер денеска ги уверуваше балтичките држави дека нивната безбедност им е гарантирана од НАТО и од Европската унија, пренесоа француските медиуми.

– Тука сум за да кажам дека балтичките земји нема да бидат заборавени. Тоа е заеднички проблем на НАТО и ЕУ – изјави Штајнмаер пред новинарите во естонската престолнина Талин во врска со заострената тензија во руско-украинскиот конфликт.

Штајнмаер забележи дека ЕУ не сака конфронтација, но дејствијата на Русија ѝ ја наметнуваат потребата на Унијата од подготовка на соодветни мерки доколку Москва не се повлече.

– Ако до крајот на неделата не настапи видлива промена во однесувањето на Русија, во понеделник во Европскиот совет ќе треба да разгледаме нови мерки – рече министерот.

Шефот на германската дипломатија денеска во Талин и во Рига има средби со естонскиот и со летонскиот колега, а во Вилнус ќе се сретне со литванскиот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top