| четврток, 6 декември 2018 |

Добри вести за Рома, навивачите се враќаат на трибините

roma navivaci

Генералниот менаџер на италијанскиот тим, Мауро Балдисони, најави дека навивачите на клубот ќе може да се вратат на своите трибини, бариерите кои пред две години беа поставени поради безбедносни причини, истите ќе бидат тргнати.

Поради оваа одлука фановите на Рома и Лацио долго време ги бојкотираа домашните натпревари. Иако многумина сметаа дека навивачите на двата клуба ќе попуштат, сепак тоа не се случи. Во изминатите неколку месеци и девете екипи излегоа со компања за враќање на нивните фанови, на крајот успеаја во тоа.

– Долго време разговаравме со луѓето задолжени за безбедноста на стадионот. Од првиот ден кога започна бојкотот, постојано се обидувавме да го решиме овој проблем. Оваа ситуација траеше многу долго, но дојде крајот. Не можам да го кажам точниот датум, но во следните неколку дена ќе бидат тргнати блокадите – изјави првиот човек на Рома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top