| четврток, 6 декември 2018 |

Зенит го отпушти Спалети

Поразот од Борусија Дортмунд на домашен терен од 4-2 во првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампиони и ремито со Том беа пресудни за директорите на Зенит да му врачат отказ на тренерот Лучано Спалети.

Иако за четирите сезони поминати на клупата на Зенит, Спалети им донесе две шампионски титули и еден руски куп, се очекуваше да направи подобри резултати во Лигата на шампиони со оглед на тоа дека имал неограничен буџет за носење играчи во тимот од Санкт Петербург.

Како замена за Спалети, во остатокот од сезоната ќе биде Сергеј Семак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top