| четврток, 6 декември 2018 |

Јанукович: Сè уште сум претседател на Украина

janukovic
Соборениот украински претседател Виктор Јанукович денеска повтори дека сѐ уште бил лидер и командант на вооружените сили на Украина.
Во кратка изјава во рускиот град Ростов, тој рече дека е сигурен дека оружените сили ќе одбијат да извршат криминални наредби и најави дека има намера да се врати во Киев кога ќе се подобри безбедносната ситуација.
За Јанукович, претседателските избори во мај се нелегални, а актуелната власт во Киев ја нарече неуставна хунта.
Според него, Крим ќе се отцепи од Украина поради погрешните акции на, како што рече, „екстремистите“ кои се сега на власт. Јанукович по тримесечните антивладини протести во Киев избега од Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top