На најновата ранг листа на ФИФА, Македонската фудбалска репрезентација се наоѓа на 78 место.
Скокот на ФИФА листата се должи по убедливата победа над репрезентацијата на Данска по пријателскиот натпревар одигран на арената Филип Втори со резултат 3:0.
Со ова го продолжуваме напредокот на листата по неколкуте добри резултати на репрезентацијата под водство на селекторот Чедомир Јаневски.
Нашиот следен противник Белгија според последното рангирање е на 20 тата позиција, а најдобро пласирана репрезентавција од нашата група е Хрватска на деветта позизија. Србија е рангирана на 36. место, Шкотска е 64, а Велс од кога направи скок од цели 13 места се наоѓа на 68 место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.