| четврток, 6 декември 2018 |

Трстена и Панчев на листата најдобри спортисти на сите времиња во поранешна Југославија

GOLDEN BOOT FOR DARKO PANCEV

Според анкетата на црногорското радио „Тиват“, борачот Шабан Трстена и најдобриот македонски фудбалер за 20 век, Дарко Панчев, се меѓу 25-те најдобри спортисти на сите времиња од просторот на поранешна Југославија. Според освоените гласови во анкетата, Трстена е на 23. место, а Панчев на 25. место.

Во гласањето учествувале 19 медиуми во регионот.

За најдобар спортист, без конкуренција, е прогласен српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Хрватската кошаркарска легенда, Дражен Петровиќ, заедно со скијачката Јаница Костелиќ, го делат второто место. Меѓу петте најдобри се најдоа Мирослав Церар и боксерот Мате Парлов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top