Најновото остварување на Скопје Филм Студио, долгометражниот документарен филм Кобра посветен на боречката легенда Шабан Трстена ќе биде премиерно прикажан на претстојниот 21. Скопски филмски фестивал, на 20-ти април со почеток во 19 часот, во киното Милениум ГТЦ Скопје.
„Кобра“ е трогателна приказна за единствениот спортист од Македонија кој освоил олимписко злато, чии големи успеси никогаш не биле признаени од политичките авторитети и општеството.
Направен е по сценарио на Игор Иванов, Сашко Насев и Томи Салковски а режијата е на Игор Иванов. Во филмот се појавуваат Зоран Михајлов боречки експерт, Насе Насев поранешен селектор на боречката репрезентација, Ајруш Синани тренер, Милош Вучидолов доктор, Васил Тупурковски поранешен Претседател на МОК, Зоран Шоров борач од Македонија, Ванчо Чифлиганец поранешен Претседател на ФБСМ, Назми Али – БК “Тефејуз”, Анатолиј Белоглазов борач од Русија, Ахмет Ак борач од Турција, Ферид Мухиќ филозоф, Агим Касаполи и Антон Серечи спортски новинари и членови на семејството Трстена.
Продуцент на филмот е Томи Салковски, а истиот беше поддржан од Агенцијата за филм на РМ.
На премиерата ќе присуствуваат Шабан Трстена и членови на екипа која работеше на реализацијата на овој филм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура