Лијам Нисон во интервју за „Дејли мејл“ откри дека требало да го глуми славниот агент 007, но поради ултиматумот кој пред 19 години му го поставила тогашната свршеница Наташа Ричардсон, ја одбил улогата на најпознатиот таен агент во светот.
– Ако сакаш да го глумиш Џемс Бонд, венчавката ќе се одложи, ми рече – раскажа Нисон, кој во 1995 година ја одбил улогата во филмот „Златно око“. Нисон не објасни зошто денес починатата актерка не сакала тој да ја прифати улогата.
Наташа Ричардсон почина по несреќата при скијање во 2009 година кога се здоби со тешки повреди на мозокот. Иако ја одби улогата која би го направила уште пославен, кариерата на ирскиот актер, сепак, не изостана. За улогата во филмот „Шиндлерова листа“, освои номинација за „Оскар“, а се прослави и со улогата во хитовите како што се „Војна на ѕвездите“, „Хрониката на Нарнија“ и „96 часа“.
Во костумот на Џејмс Бонд во 1995 година влезе Пирс Броснан, а во конкуренција биле и Џош Бролин, Мел Гибсон, Сем Неил и Шин Бин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


