| четврток, 6 декември 2018 |

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска го посети СОКОМ

При посетата на Сојузот на композиторите на Македонија министерката Елизабета Канческа-Милевска истакна дека имала можност да се запознае со тековните, но и со планираните активности на ова најстаро и најголемо здружение, кое ги  обединува македонските композитори.

-Пристигнуваат значајни иницијативи и проекти, разговаравме околу повеќе активности кои СОКОМ ќе ги реализира во наредниот период. Стана збор и за интензивните подготовки на манифестациите и концертните активности на СОКОМ, меѓу кои се и Деновите на македонска музика, кои ќе се одржат од 3 до 14 април. Од особено значење е што во рамките на 37. издание на Деновите на македонската музика ќе се промовира нов фестивал на електронска музика, предводен од реномираниот македонски композитор д-р Роберт Саздов. Целта на оваа иницијатива е таа идната година да прерасне во самостоен фестивал за електронска и мултимедијална музика, кој ќе биде заснован врз креативна употреба на новите технолошки средства, рече министерката.

007 Sokom

Раководството на СОКОМ, па ја информирало дека течат и подготовките за научната манифестацијата „Струшка музичка есен“ која на тема „Музика и образование“ од 12 до 14 септември ќе се одржи во Струга, која  е единствена ваква меѓународна манифестација која секоја година продуцира мошне квалитетни научни изданија од областа на музикологијата.

– Особено е важно што со поддршка на Министерството за култура, годинава македонските уметници, членови на СОКОМ, ќе реализираат концерти на македонска музика во Холандија и во Австралија. Исто така, врз основа на билетарните соработки на СОКОМ со други организации, македонската музичка култура ќе биде презентирана и во Србија и Русија. Ќе потсетам дека стимулирањето на македонската класична музика стратегиски се поддржува и се развива и во текот на изминатите години, и тоа во периодот 2006-2013 година беа создадени 127 дела на македонски композитори, финансирани во СОКОМ – на членови на Сојузот на композитори на Македонија за најразлични камерни формации. Беа поддржаните големи музички форми на авторите Живоин Глишиќ Концерт за пијано и оркестар (2010), потоа музичко-сценското дело – битовата опера „Змејова невеста“ на Стојан Стојков (2013), Концертот за оркестар и пијано на Дамир Имери (2012), Кантата за солисти и оркестар на композиторот Африм Незири (2012) и балетот Воин на Љубомир Бранѓолица (2013) и многу други. Убедна сум дека во периодот што следи заедно со Соузот на комозиторите на Македонија останува наш партнер и заеднички ќе реализираме многу нови проекти преку кои ќе придонесеме  за збогатување на музичкиот живот во нашата држава – подвлече Канческа-Милевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top