| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една титула за Јелена Антиќ

Македонската кошаркарска интернационалка Јелена Антиќ повторно ја освои титулата во Регионалната кошаркарска лига, со својот нов клуб Радивој Кораќ од Белград.

Радивој Кораќ е седмиот тим со трофеј во регионалната лига која се игра од сезона 2000/01.  Во историјата на клубот ова е прва сениорска титула за Радивој Кораќ.

По неверојатното финале во Подгорица, трофејот го освои екипата на Радивој Кораќ во дуел со Црвена звезда, кој го доби својот епилог после трето продолжение – 87: 83.

Јелена Антиќ беше една од најефикасните играчи на теренот, која ги даде клучните поени во последниот продолжеток за победа.

Една од најубавите македонски кошаркарки од пред 2 месеца е дел од српскиот кошаркарски клуб Радивој Кораќ, која по ланската повреда се врати во одлична форма и физичка подготвеност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top