Репрезентативката на Македонија, Јелена Антиќ со Партизан влезе во историјата и без пораз ја освои титулата. Денеска „црно-белите“ девојки ја одбранија круната, откако во третиот меч од финалната серија го совладаа составот на Радивој Кораќ со 78-72. Со тоа остварија хет – трик, што се однесува до трофеите, откако претходно славеа и во Купот и во Регионалната лига.
Кошаркарките на Партизан остварија серија од 32 меча без пораз, со што влегоа во историјата на женската кошарка кај нашиот северен сосед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


