Најнапред се одржа ревијалниот дел, во кој стотици граѓани од општина Бутел беа дојдени да ги видат триесеттината торти, за кои коментираа дека се навистина слатки ремек дела. Тие имаа можност да гласаат за прекрасните креации од торти.
Исто така, беше одржана и ученичката работилница, во која седум торти (пандишпани), беа декорирани од дваесеттина ученици од ОУ „Ацо Шопов“. Овие торти од најмладите им беа подарени на највозрасните од Здружението на пензионери од општина Бутел.
Што се однесува до официјалниот дел, сите присутни беа воодушевени од: „Клавирот“ од „Забранетата љубов“ од „Мистеријата на пирамидата“ од „Бебето во корпа со мачето и мечето“ од „Македонските буриња“ од „Слаткиот рај“ и другите прекрасни торти, кои го ставија на големи маки стручното жири. Сепак, споменатите шест торти изработени од слаткарниците „Марфи“ (1 место) „Фурна Диме“ (2 место) и „Рај“(3-то место) се победници во категоријата професионалци.
Во категоријата на аматерите, првото место го освои Катерина Алексовска за „бебето“. Даниела Николовска го освои второто место за „бурињата“, а Виолета Прцуловска беше трето пласирана со „клавирот“.
Во возбудливата аукција најмногу се покажа гардоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, домаќинот општина Бутел и градоначалникот, Петре Латиновски, а не заостануваа ни другите општини: Ѓорче Петров (следен домаќин), Кисела Вода, Гази Баба, Чаир, Сопиште и Карпош.
Собраните средства ќе и бидат донирани на ЈУ „11 Октомври“ поточно на нејзината градинка „Страшо Пинџур“ од Бутел 1.
Организатори на седмата тортијада „Слатка мистерија“ се ХОА „Ангелчиња“ и општина Бутел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.