
Магазинот ФДИ на „Фајненшл тајмс“ ја прогласи Македонија како земја со најдобра бизнис-клима во регионот, а Велес и Штип ги рангира како микроградови – лидери во инвестирање.
Велес е еден од ретките во регионот кој минатата година доби Сертификат за поволен деловен амбиент во југоисточна Европа. Добивањето на оваа потврда е многу важно и од аспект на тоа што општината пред странските инвеститори и пред меѓународната заедница ќе даде гаранција дека се работи за стабилна општина, општина што е европски ориентирана и подготвена да прифати обврски што ќе гарантираат сигурност за странскиот инвеститор.
По повод високиот ранг на листата на „Фајненшл тајмс“, на 12 март директорот на ТИРЗ Виктор Мизо ќе прими и награда во Кан. Церемонијата се поклопува со одржувањето на Саемот за индустриски недвижности на кој ќе присуствуваат бројни компании на кои ќе им бидат претставени бизнис можностите во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


