Новото остварување на култниот режисер Вес Андерсон, кој собра фантастична актерска екипа, ни пристигнува во „Синеплекс“.
Филмот „Гранд хотел Будимпешта“ е реконструкција на авантурите на Густав Х. легендарниот консиерж на далеку прочуениот европски хотел меѓу две војни и на потрчкото Мустафа, момче што станува неговиот најверен другар. Филмот ја прикажува кражбата и враќањето на непроценливото богатство на една слика од ренесансата, како и војната за огромното фамилијарно наследство во време на драматични промени во Европа.
Според зборовите на режисерот Вес Андерсон, приказната се фокусира на односот на две личности, искусниот консиерж (Ралф Фајнс) и хотелскиот потрчко (Тони Револори).
– Како и многу поранешни замисли, имав две идеи што ги споив. Едната беше лик што го игра Ралф, а другата се однесува на „европриказна“ сместена во првата половина на 20 век на која ме инспирираа книгите на австрискиот писател Стефан Цвајг – вели тој.
Најголемиот дел од дејството на филмот се одвива во 1932 година.
– Тоа е измислена земја, со измислена војна, која, всушност, е спојка на двете светски војни – вели Андерсон.
Ралф Рајнс ја игра улогата на Густав Х. промискуитетен настојник, кој ѝ го „украл“ срцето на старата богаташка Мадам Д (Тилда Свинтон). Покрај Фијн и Бредли, уште 15 познати имиња се појавуваат во филмот (Едвард Нортон, Бил Муреј, Овен Вилсон, Сирш Ронан, Џеф Голдблум, Џад Ло, Вилјем Дефо, Харви Кејтл, Ф. Мари Ејбрахам…), што „Гранд хотел Будимпешта“ го прави еден од „најѕвездените“ филмови во историјата на Холивуд.
Од четврток ќе патуваме низ историјата заедно со песот и со неговиот посвоен син, во анимираната авантура „Г. Пибоди и Шерман“.
Тие ќе нѐ запознаат со најзначајните периоди од историјата, со најпознатите скулптури и културни знаменитости и патем ќе се обидат да ја променат иднината.
Господинот Пибоди е деловен гигант, пронаоѓач, научник, лауреат на Нобеловата награда, гурман, освојувач на олимписки медали и гениј кој, покрај сето тоа, сосем случајно е и – пес. Благодарение на извонредната интелигенција, Господинот Пибоди успева да оствари неверојатни нешта, но понекогаш на обичните луѓе им е тешко да се справуваат со нив – или да сфатат за што им зборува тој. Шерман, момчето што го посвојува, е единственото нешто кое му претставува предизвик. Господинот Пибоди му се посветува на Шерман, преку кого учи една работа која генијалците тешко можат да ја сфатат, а тоа е родителството. Кога во приказната се вмешува и времепловот ВЕЈБЕК, тогаш почнува несекојдневната авантура на најнадарениот пес во светот и умното момче на патот низ историјата на човештвото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.