Веќе два месеца Михаел Шумахер е во кома по страшната несреќа што ја доживеа за време на скијање, а во саботата дојде уште една ваква страшна вест, несреќа доживеа уште една голема легенда во Формула 1, Герхард Бергер.
Бергер, кој исто како и Шумахер важи за многу добар скијач, во саботата доживеал несреќа во Тирол.
Според извештаите што пристигнале, Бергер скијал на многу опасен дел, каде што за момент изгубил контрола и со голема брзина се забил во бетонската ограда.
За среќа не удрил со главата, но останал да лежи без свест. При ударот ја скршил раката, по што бил пренесен веднаш во болницата „Ст. Јохан“, каде што е опериран по итна постапка.
Од болницата потврдиле дека станува збор за тешка повреда на раката, но дека легендарниот возач е надвор од животна опасност.
Бергер во кариерата се прослави како возач на Ферари, Мекларен и Бенетон, победил на десет трки и забележал преку 200 настапи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун


