Стариот состав на Комисијата за верификација на фактите, на чело со Томе Аџиев ќе проверува дали четворицата кандидати за претседател на Македонија, Ѓорге Иванов од ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски, од СДСМ, Илијаз Халими од ДПА и Зоран Поповски од ГРОМ, некогаш биле соработници на тајните служби.
Откако Собранието на Република Македонија не успеа да го избере новиот состав на Комисијата за лустрација, сега стариот состав на лустраторите на чело со Томе Аџиев ќе мора да ги проверат сите кандидати за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 27 април.
Државната изборна комисија треба да ги достави на проверка кај лустраторката комисија и четворицата кандидати за шеф на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.