| четврток, 6 декември 2018 |

Пацент се самоубил скокајќи од тераса во штипската болница

Policiska-lenta_vo-suma_Photo_Toshe_Ognjanov-1-R

Педесет и едногодишниот Р.Т. од Пробиштиш си го одзел животот скокајќи од тераса од болницата во Штип, соопшти МВР. Несреќниот настан се случил во саботата.

Како што пишува„ Вест“, Р.Т. бил хоспитализиран во болницта и се лекувал на нервното одделение. Тој бил пронајден мртов на плочник под болничката тераса, која била висока околу 10 метри, од страна на ученици што поминувале.

Падот бил во момент кога персоналот се наоѓал на појадок, а пациентот излегол надвор незабележан од никого.
Новото нервно одделение во зградата на стариот рендген се наоѓа во центарот на Штип. Против ова преместување на нервното одделение во близина на штипско Ново Село и црквата „Св.Спас“ жителите од овој дел на градот во ноември и во декември потпишуваа петиција и бараа нервното одделение, макар и за поблаги случаи, да не биде во нивната населба.
Раководството на Штипската болница изјавило дека и пред немилиот настан сериозно размислувало ова одделение со дваесетина пациенти да се префрли во кругот на Клиничката болница во Штип и да биде сместено во приземен објект, кој  ќе бил по сите здравствени стандарди.

Истрагата потврдила дека пациентот, кој не бил тежок случај, но имал сериозни семејни проблеми, сам си го одзел животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top