Повеќе од 80 стари лица од двата дневни центра за стари лица на Црвен крст на град Скопје ќе добијат бесплатни консултативни прегледи по повод 9 март, Интернационалниот Ден на добрите дела.
Тимот доктори од „Ремедика“ во текот на март ќе ја проверуваат општата здравствена состојба на членовите на двата дневни центра на стари лица на Црвениот крст на град Скопје, кои ќе бидат консултирани за секојдневните навики и советувани за превентивно зачување на здравјето.
– Нашата болница подолго време успешно соработува со Црвениот крст на град Скопје и ги поддржуваме нивните акции без разлика на која засегната група се однесуваат. Добросостојбата на старите лица е една од нашите заложби, така што со постојани активности, здравствени, едукативни и хуманитарни се грижиме за оваа група граѓани. Ова е само уште една таква активност. Тие кај нас ќе поминат низ детални прегледи и ќе добијат совети кои ќе им помогнат да го зачуваат доброто расположение и здравје – изјави проф. д-р Адреја Арсовски, медицински директор во „Ремедика“.
Неделата за борба против канцер беше одбележана и со едукативни работилници за корисниците на дневните центри за стари лица, на која говореа д-р Лидија Атанасовска Бисерковска на тема превенција од канцер на кожа и проф. д-р Андреја Арсовски, кој едуцираше за превенција од рак на белите дробови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.