Сергеј Четковиќ ја претстави евровизиската песна со која ќе ја претставува Црна Гора на претстојната „Евровизија“, која ќе се одржи во Данска.
„Мој свет“ е името на песната со која Четковиќ ќе се обиде да влезе во финалето, а потоа и да оствари колку што е можно подобар пласман.
Четковиќ ќе настапи во првата полуфиналната вечер, па поради тоа нема да може да смета на гласовите на Македонија и на Хрватска, кои настапуваат во втората полуфинална вечер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.