Отворањето на понудите по огласот што го распиша ЈСП „Скопје“ за избор на фирма што ќе ја заврши адаптацијата на Милениумскиот крст, што беше закажано за вчера, е одложено втор пат, за 11 март годинава.
Освен „Бетон“, тендерската документација ја подигнале уште шест фирми.
Огласот за избор на најповолна фирма за адаптација на Милениумскиот крст беше распишан на 31 декември. Фирмата со најповолна понуда ќе има рок од две години да ги заврши сите предвидени зафати, како антикорозивна заштита на крстот, ново осветление, нов лифт, водовод, одвод и пречистителна станица. Адаптацијата, односно доизградбата на крстот е проценета на 35 милиони денари, а парите ќе бидат обезбедени од донации.
На крстот е планирано да биде изграден и ресторан и црква со конаци. За изведба на ресторан досега не можеше да стане збор без донесени водовод и канализација на врвот од планината. Откако ќе заврши адаптацијата на објектот, ќе може да се изградат и сите други планирани содржини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.