Македонскиот ракометен клуб Металург ги загуби шансите за пласман на завршниот турнир во СЕХА ГСС лигата. На домашен терен, во салата „Борис Трајковски“, ракометарите загубија од Мешков Брест со еден гол разлика – 25:26.
Мешков Брест заслужено дојде до нови бодови. Ракометарите на Металург во првиот дел бркаше резултат, а на полувреме замина со два гола помалку од својот противник (12:14). Во вториот дел металурзите изедначија на 16:16, но не успејаа да дојдат во водство до самиот крај. Во самиот финиш Дејан Пецаковски израмни на 25:25 но Шулович буспеја да погоди за важна победа во Скопје.
Вуко Борожан во тимот на Металург беше најефикасен со 6 погодоци, додека по 4 имаа Гоце Ојлевски и Лука Циндриќ. Мијатовиќ забележа 12 одбрани. Кај Мешков Брест, Шпилер имаше 5, а Никуленкау 4 гола.
На завршниот турнир за титулата во СЕХА лигата ќе играат Загреб, Татран Прешов, Вардар и Брест Мешков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.