Фудбалерите на Интер го совладаа Торино на “Џузепе Меаца” со минимални 1-0 во натпревар од 27. коло од италијанската Серија А.
Стрелец на голот беше Родриго Паласио во 30. минута и на тој начин ја задржаа петтата позиција на табелата.
Лацио загуби на „Олимпико” од Аталанта со 0-1, а стрелец на голот беше Моралес.
Во Џенова во мечот помеѓу Сампдорија и Ливорно, домаќините славеа со 4-2, иако гостите на полувремето водеа со 2-0, со головите на Ибрахим. Крстичиќ намали на 1-2 по само четири минути игра во вториот дел, Кечерини си постигна автогол во 53. минута, а пресвртот стигна 15 минути подоцна преку Окака Габиадини во 75. минута да стави точка на натпреварот.
Резултати:
Јувентус – Фиорентина 1-0
Болоња – Сасуоло 0-0
Киево – Џенова 2-1
Интер – Торино 1-0
Лацио – Аталанта 0-1
Парма – Верона 2-0
Сампдорија – Ливорно 4-2
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.