Мјанмар ја доби престижната награда за најдобра туристичка дестинација на светот за 2014 година. Наградата ја доделува Советот за туризам и трговија на Европската Унија.
Државните медиуми во Јангун денеска објавија дека Мјанмар ја добива наградата поради унапредувањето на туристичката индустрија, грижата за безбедноста на туристите и поради чувaњето на културно-историското наследство, уникатно не само во Азија, туку и пошироко во светот.
Лани Мјанмар ја посетиле два милиони туристи, од кои 885 илјaди допатувале со авиони. Годинaва се очекува посета на најмалку три милиони странски туристи. Бројот на туристите од странство e зголемен најмногу поради укинувањето на визи за жителите на соседните земји и 16 други држави.
До 2007 година Мјанмар беше една од најзатворените држави на светот. Во процесот на демократизацијата во земјата беше и отварањето на четири гранични премини кон Тајланд, од каде што обично влегуваат странските туристи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
Туристите збунети, Грците се изгубија во преводот на таблите (Фото)
-
Во Андаманското Море: Пронајдени се тела на жртви од авионската несреќа во Мјанмар