Американската војска е подготвена да го поддржи НАТО доколку ескалира кризата во Украина, изјави претседателот на Советот на Генералштабовите на вооружените сили на САД, генерал Мартин Демпси.
Американските дипломати деноноќно прават напори за наоѓање решение за кризата во врска со евентуалното присоединување на Крим кон Русија.
Демпси истакна дека разговарал со повеќе руски воени лица, но исто така испраќа јасна порака до Украина и членките на НАТО дека „во случај да има потреба, американската армија ќе испрати воена сила“.
– Се обидуваме да и кажеме на Русија да не ги ескалира уште повеќе работите во Украина и да создаде услови за некакво решение на Крим. Но од воен аспект испративме порака до нашите сојузници од НАТО, истакна Демпси.
Тој предупреди дека „ако на Русија и биде дозволено да влезе во една суверена земја под образложение дека ги штити етничките Руси во Украина, тоа ќе ја изложи Источна Европа на огромен ризик, бидејќи етнички енклави има во цела Источна Европа и на Балканот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа