| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните се ЗА проекти, а НЕ за зборови и ароганција

izbori-34

фото: Република

– Лажна арогантност и дискредитации наспроти програма и досегашни резултати кои гарантираат гласови. Во овој речиси компетно спротивставен дијапозан на карактеристики се наоѓаат моментно изборните понуди на двете најголеми партии, тврдат аналитичасите за еВести .

Според нив овие избори како и сите во последните седум години ќе ги донесат истите дилеми – во земјава нема конкурентност на политички програми  од една страна е слабиот СДСМ кој премногу долго се бори со сопствената внатрешна слабост и безидејост, од друга страна владечаката партија која преку партиската машинерија моментно е фокисирана само на успех.

-Најлесниот модус за партиско промовирање на видно дезориентираниот СДСМ, наспроти организираната и фокусирана на успех партиска машинерија на ВМРО-ДПМНЕ, е сеприсутното критизерство, секојдневни дискредитации на се што мисли поинаку од СДСМ, користење на дневни настани за самопромоција итн. Овие негативни процеси се одразуваат и во изборната кампања, бидејќи кога немате со што конкретно да се пофалите, кога немате квалитетна програма која ќе може да „залепи“ гласови врз основа на сопствената издржаност и објективност, единствената карта која ви останува во ракавот е да се насочите кон критика на се и сешто, кон омаловажување и кон лажна арогантност. Во одредени моменти народот не може да ја спознае смислата на постоењето на опозицијата, бидејќи не пронаоѓа ниту еден реален момент кој би можел да ги замисли дали го прават вистинскиот избор кога гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, вели професорката д-р Тања Каракамишева-Јовановска.

Откако е на власт ВМРО ДПМНЕ ги зголеми пензиите за повеќе од 60 проценти, ги покачи платите на административците, ја зголеми висината на социјалната помош, обезбеди социјално згрижување на неколку групи ранливи категории, а реши статус на стечајни работници, професионални воиници. Познавачите во фокусот на партијата на клучни проекти за чие решени биле дадени ветувања кои подоцна с еостварени ја гледаат причината за големата доверба која таа партија моментно ја ужива кај граѓаните.

Лидерот на партијата Никола Груевски вели дека сите ветувања се базираат на темелни анализи, затоа што кога го давамат ветувањето сакале да се сигурни дека ќе се исполни.

-СДСМ ќе ветува многу нереални работи, работи кои убаво звучат, но и тие самите знаат дека не може да ги остварат, но ќе одат на тоа така, да украдат некој глас повеќе. Ние не смееме да тргнеме по тој пат и нема да тргнеме. СДСМ знае дека нема да победи, па затоа ќе ветува брда и долини, тие ја немаат истата одговорност. Со нас не е така, ние знаеме дека ќе победиме и она што ќе го ветиме мора да биде реално и да го оствариме, тоа е одговорност“, рече Груевски пред учесниците на Политичката академија.

Но слабата опозиција, велат експертите на долг рок секако не е добра за државата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top