Централното Собрание на ДПА денеска во зградата на општина Тетово одржува седница на која треба да се утврдат листите на кандидати за претстојните предвремени парламнетарни избори.
Од партијата најавија дека за имињата на носителите на листите и останите кандидати ќе информираат во текот на утрешниот ден.
Пред почетокот на состанокот претседателот на ДПА Мендух Тачи одговарајќи на новинарско прашање во однос на информациите дека по парламентарните избори можно е да дојде до промена на партнерите во владината коалиција рече дека очекува навистина ДПА да победи кај Албанците на овие избори.
– Доколку ова се случи ќе има свежина во новата влада, ќе има нова динамика и се ндевам дека ќе се случуваат многу позитивни работи за државата – изјави Тачи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.