| четврток, 6 декември 2018 |

Девојче ја донира косата за да спаси дете болно од рак (видео)

devojce

Ова дарежливо тригодишно девојче Емили Џејмс се одлучило на еден неверојатен потег. На предлог на мама и тато, Емили ја отсекла својата коса и ја донирала на девојче кое боледува од рак.

Емили сака лак за нокти, светкави фустани и кармини. Нејзиниот омилен филм е Tangled и особено драга и е нејзината кукла Рапунзел. Емили одлучила нејзниот вујко најпрво да ја потстриже куклата.

Родителите на Емили и објасниле зошто е важно да ја донира косата за да се направи перика за болно дете од рак и дека повторно ќе и порасне. Заедно ги погледнале фотографиите на децата кои немаат коса, а Емили сепак, одлучила својата коса да ја донира за едно болно девојче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top