| четврток, 6 декември 2018 |

Бомбаш самоубиец уби 32 лица во Ирак

Бомбаш самоубиец, кој управувал минибус полн со експлозив, убил најмалку 32 лица, а 147 се повредени во ирачкиот град Хила, соопшти полицијата и здравствените власти.

фото: ЕПА

фото: ЕПА

Напаѓачот стигнал со возилото до главниот контролен пункт во градот, каде живее мнозинство шиитско население, и ја активирал бомбата. Во експлозијата, која урнала дел од зградата на контролниот пункт, биле зафатени најмалку 50 автомобили. Полицијата потврди дека некои од жртвите изгореле живи во возилата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top