| четврток, 6 декември 2018 |

Металург против Мешков Брест за фајнлфорот во СЕХА лигата

metalurg-barcelona-0

Ракометарите на Металург попладнево со почеток во 17:45 часот во рамките на 16. коло од СЕХА лигата го играат натпреварот со белоруската екипа Мешков Брест. Металург има 28 бода и се наоѓа на 5. место на табелата и со евентуален неуспех ќе ги загубат шансите за пласман на завршниот турнир. Притоа денешниот ривал е директен конкурент за пласман во ТОП 4 заедно со градскиот ривал Вардар.

Пласман на завршниот турнир што ќе се игра во Нови Сад веќе имаат изборено Загреб КО (лански победник во ова натпреварување) и Татран Прешов.

Покрај дуелот Металург – Мешков Брест денеска се играат и натпреварите: Нексе – Партизан, Борац – Татран Прешов и Загреб КО – Војводина. Во четвртокот Вардар го победи Ловќен како гостин со 41:23.

Табела:

Загреб КО 37 бодови
Татран Прешов 36
Вардар 31
Мешков Брест 30
Металург 28
Војводина 21
Нексе 17
Борац 12
Ловќен 11
Партизан 6.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top