
Закажаниот конгрес на Српската напредна странка (СНС) е нелегитимен, реагира актуелниот претседателот на оваа партија Драгиша Милетиќ, откако организациониот одбор информира дека тој си заминал од последната средба на раководството пред конгресот, свесен дека нема да биде реизбран.
Тој тврди дека дел од раководството не одолеало на огромните притисоци од опозицијата и дека ако конгресот се одржи, тој ќе поднесе пријави за противзаконско работење на дел од членовите на високото раководство на Српската напредна странка.
Од организацискиот одбор велат дека конгресот ќе се одржи во предвидениот термин, денеска во Куманово, во хотелот Грација.
На конгресот треба да бидат избрани претседател и другите органи на партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


