И понатаму не се знае што се случило со авионот кој вчера во 2:40 часот по локално време исчезнал на летот од Куала Лумпур кон Пекинг. Во Пекинг пак, степенот на безбедност на аеродромот е на највисок левел.
Надежите дека има преживеани се сѐ помали. Иако никој не пријавил пад на авионот, виетнамските безбедносни сили забележале две нафтени дамки долги околу 15 километри во водите јужно од Виетнам. Меѓутоа, сѐ уште не е потврдено дека таму паднал авионот.
-Виетнамски авиони забележале две дамки од гориво и столб чад околу 250 километри западно од островот То Чу, но сѐ уште не можеме да потврдиме дека тоа има некаква врска со исчезнатиот авион- изјавил заменикот министер за сообраќај Пам Киј Тју. Тој додал дека, поради тоа што паднал мрак, во областа биле испратени бродови за детално да истражат.
Во авионот на Малезија ерлајнс имало 227 патници и 12 членови на екипажот.Двајца мажи од Австрија и Италија, кои се наоѓаат на списокот на патници на исчезнатиот малезиски патнички авион, всушност не биле во авионот, а барем на едниот од нив пасошот му бил украден.
На списокот на патници што го објавила авиокомпанијата Малезија ерлајнс откако нејзиниот авион Боинг 777 исчезна во близина на Виетнам се наоѓаат и имињата на 30-годишниот Кристијан Козел од Австрија и 37-годишниот Луиџи Маралди од Италија.
Портпаролот на австриското министерство за надворешни работи во Виена изјавил дека австрискиот државјанин бил дома.
-Нашето министерство доби информација дека на летот бил еден Австриец. Тоа беше список на патниците на Малезија ерлајнс. Нашиот систем покажа дека станува збор за украден пасош- се вели во соопштението на министерството.
Полицијата човекот го нашла дома, а пасошот му бил украден пред две години додека патувал низ Тајланд.
Во меѓувреме САД го испратиле разурнувачот од седмата флота УСС Пинкни кој јужниот брег на Виетнам за да помогне во потрагата по авионот. На авионот има два хеликоптери, а на местото на несреќата треба да пристигне за 24 часа, објавил Пентагон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)