| четврток, 6 декември 2018 |

Папата Франциск: „Ме нервира оваа Францискоманија“

papaЖорж Марио Бергољо по првата година како Папа на римокатоличката црква признава дека немал никаков план за реформа на Црквата. Во интервју за медиумите открива и дека пензионираниот Папа Бенедикт 16 го наговорил активно да учествува во работата во врвот на Католичката црква.

На прашањето за злоставување на деца, Папата Франциск вели:

-Злоставувањето е страшно бидејќи остава многу длабоки рани. Бенедикст 16 беше многу храбар и го отвори патот. Црквата на тој пат многу стори. Можеби и најмногу од сите. статистиката за феноменот насилство врз деца е потресна, но истовремено и јасна дека поголемиот број злоставувања се случува во семејното опкружување и во соседството. Католичката црква можеби е единствена јавна институција која се придвижи јасно и одговорно. Никој друг не направи повеќе опд неа. А сеедно, нападната е само Црквата- вели Папата Франциск во интервју кое ексклузивно го пренесува Јутарњи лист, а од каде пренесуваме неколку одговори.

papa-fr-d-670x320„Помина една година, која за РКЦ се смета за интензивна и полна со иновации кои Папата франциск ги воведува. Меѓу нив е и јавувањето на телефон кај оние кои бараат помош од него, а потоа не веруваат дека навистина разговараат со Папата.“

– Да и тоа се случувало. Кога некој ќе побара, тоа значи дека сака да разговара да праша зда побара совет. Како свештеник во Буенос Аирес ми беше поедноставно и ми остана во навика. Го сметам тоа за своја должност и потреба. Секако тоа сега не е така едноставно заради бројот на луѓето кои ми пишуваат.

27072013103526_papa francisk„Дали црквата се промени онака како што посакувавте пред една година?“

– Минатиот март немав никаков план за промена во Црквата. Да речам, не бев очекувал дека ќе бидам пренесен во друга бискупија. Преку управувањето почнав да ги преточувам во пракса  тоа што кардиналите го истакнуваа во своите расправи на разните конгрегациски  состаноци. Во своите постапки, очекувам инспирација од Господ. Ќе ви дадам пример. Се збореше за духовната грижа за лицата кои работата во Куријата и во таа насока се воведоа духовните повлекувања. Требаше да се даде поголема важност на годишните духовни вежби: сите имаат право да поминат пет дена во тишина и размислување, додека претходно во Куријата слушаа три проповеди дневно и потоа продолжуваа со работата.

266_papa_francise_tebrik_mesaji_yagdi_h33026„Рековте дека Францискоманијата нема долго да трае. Постои ли нешто што не Ви се допаѓа во Вашата слика во јавноста?“

-Сакам да бидам меѓу луѓето, оние кои патат, кои доаѓаат во црквите. не ми се допаѓа идеолошкото толкување, своевидната митологија за папата Франциск. На пример, кога раскажувате дека ноќе излегува од Ватикан за да ги нахрани бездомниците во улицата Октавијан. Тоа никогаш не ми паднало на памет. Ако не се лажам, Сигмунд Фројд вели дека во секоја идеализација има агресија. Да се опишува Папата како супермен, некоја ѕвезда, мене ми делува навредливо. Папата е човек кој се смее, плаче, спокојно спие и има пријатели како и сите други. Нормална личност.

„Дали ве растажија пред се американските обвинувања дека сте марксист“

-Ни најмалку. никогаш не сум бил поклоник на марксистичката идеологија бидејќи не  е вистинска, но запознав добри луѓе кои јавно декларираат марксизам- вели Папата Франциск.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top